[Видео] Социјален експеримент: што се случува кога бездомник сака да добие маса во ресторан

Јутјубер се обиде да го прикаже начинот на кој се третирани бездомниците во општеството, преправајќи се дека е еден од нив, во обид да добие маса во ресторан.

23-годишниот Коби Персин од Њу Џерси, познат по своите социјални експерименти и шеги, се облече во стари алишта и носејќи црна кеса им се доближуваше на келнерите во рестораните.

Тој бараше маса за него и неговиот пријател.

Сепак, одговорите најчесто биле негативни, дека не можат да го услужат и барале тој да си замине.

Но, што се случува кога ќе се појави неговиот пријател со пари, погледнете во видеото во продолжение:

https://youtu.be/Cd8wsX_uZy4