[Видео] „Со оваа власт одиме кон пропаст“ – илјадници луѓе на улица со Шарената револуција

Масовен антивладин протест се случува и вечерва во Скопје, а илјадници граѓани излегоа на улица под мотото „Со оваа власт одиме кон пропаст“. Демонстрантите, се собраа на старото место, пред Специјалното јавно обвинителство, пред да тргнат кон Владата, каде ритуално скокаа врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ, во обид да се направи пародија на интервјуто на поранешниот премиер Груевски, во кое тој ги обвини граѓанските активисти за „секташко однесување“. Граѓаните на асфалтот пред Владата ја напишаа познатата изрека на Никола Младенов: „Колку чини слободата“? Погледнете ги фотографиите и видеото од вечерашниот протест:

13278194_133187643756278_1683122873_n

13278116_133182000423509_1283094358_n

13281765_133181987090177_727622524_n