[Видео] Со бел мантил по белиот свет – тренд на иселување на младите лекари

Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство. Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата – цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите – од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.

Автор на видеото е Жарко Настоски, во продукција на Македонскиот институт за медиуми.