[Видео] Скоро 100 уапсени демонстранти против Трамп по судирот со полицијата

Активисти од анархистички групи, покриени со црни качулки, кршеа излози, возила и го блокираја сообраќајот во Вашингтон за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп. Тие се судрија со полицијата која употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера.

Околу 200 демонстранти, кои најпосле беа сопрени од полицијата, извикуваа: „вака изгледа полициска држава“ и „заштитувате фашисти“. Според информациите на Гардијан, повеќе од 95 лица се уапсени поврзани со протестни активности. Два полициски службеници се здобиле со мали повреди од луѓе кои се обидувале да избегнат приведување, соопштија од полицијата.

Во моментов низ градот се одвиваат и неколку мирни протестни маршеви со активистички постери на уличниот уметник Шепард Фери и пораки како „Изгради мостови, не ѕидови“.