[Видео] „Скопје 2014“: Проектот кој рушеше град, културно наследство и демократија

„Скопје 2014“ е еден од најозборуваните и најконтроверзни проекти во поновата македонска историја. Тој од проценетите 80, стигна до повеќе од 670 милиони евра, а  луѓето со кои разговаравме потенцираат дека проектот се градеше рушејќи зеленило и јавни простори користени од сите граѓани, истовремено моделирајќи закони и „барокизирајќи“ познати архитектонски дела.

Во видеото на Радио МОФ се вклучени изјави и мислења од активистот Никола Наумоски од „Плоштад Слобода“, претседателот на Асоцијација на архитекти на Македонија, Мартин Пановски, новинарот од „Build.mk“, Бојан Блажевски и професорот на Архитектонски факултет Мирослав Грчев.

Некои од нив потенцираат дека со „Скопје 2014“ се дислоцираа дел од постоечките споменици. Понатаму, на граѓаните од централното подрачје, Град Скопје им ги рефасадира објектите само од предна страна, со аргумент дека се „енергетски ефикасни“.

Исто така, проектот генерално се подигнува без консултација на авторите на постоечките дела и без одобрение на стручната јавност. Изоставуваат и основните демократски алатки – јавни дебати, презентации и изложби на делата на архитектите.

Видеото е на Бојан Шашевски и Николај Митрески.

//