[Видео] Сите филмови кои добиле Оскар за визуелни ефекти

На Јутјуб е објавено видео во кое хронолошки се прикажани сите филмови кои некогаш биле наградени со Оскар за специјални ефекти, од 1938 година, се до номинациите за изминатата година.

Во 1927 и 1928 година, наградата се доделувала за најдобри инженирани ефекти. До 1938 година, не постоела ваква награда, а кога повторно почнала да се доделува, го носела името „особено достигнување во создавање на специјални фотографски и звучни ефекти“. Наредната година, наградата била комбинирана со онаа за звучни ефекти и била наречена награда за специјални ефекти.

Дури во 1963 година, го добила своето денешно име – Награда за најдобри визуелни ефекти. Се доделувала секоја година, освен во 1973.

Годинава, петте филмови номинирани за оваа награда на Оскарите се Deepwater Horizon, Doctor Strange, The Jungle Book, Kubo and the Two Strings, и Rogue One: A Star Wars Story.