[Видео] „Сидо“ – филм за професорот Стефан Сидовски

фото: Галина Страчкова

Ова е краткометражен филм на Тамара Котевска (ФДУ), направен за испитот по предметот Филмска и ТВ Режија, за големиот професор Стефан Сидовски, познат како Сидо.

Во текот на своето долгогодишно работење во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Сидовски е запаметен како омилен и инспиративен професор, кој будеше философска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици .По пензионирањето започна да предава на Универзитетот за аудиовизуелни уметности “ЕСРА“ за својата втора љубов -филмот.

Извор