[Видео] Што ќе се случи ако од планетата одеднаш ги снема сите луѓе?

Какви би биле последиците ако од Земјата одеднаш ги снема сите луѓе? Овој мисловен експеримент го истражува не само влијанието што човештвото го има врз планетата, туку и неверојатната отпорност на природата. Што би се случило?

Најпрво, електричните централи би престанале да работат, а со тоа и електричните огради, ослободувајќи околу 1.5 милијарди крави, милијарда свињи и преку 20 милијарди кокошки на слобода. Сите тие, заедно со домашните кучиња и мачки, би се вратиле назад по еволутивните патеки – кон нивните диви претци. Патиштата би се претвориле во реки, дрвените куќи со време би изгореле, бетонските згради би почнале да се уриваат, но и покрај ова, една работа би издржала најдолго – нашата пластика. Погледнете ја анимацијата во која се одговара ова прашање: