[Видео] Шарената револуција одбројува: Уште 8 дена од ултиматумот

Боите на Шарената револуција го обоија просторот меѓу Собранието и Триумфалната порта, оставајќи круг во средина со бројката 8, како потсетување дека остануваат уште осум дена до исполнување на ултимативните барања на демонстрантите.

За шаренилото на асфалтот овојпат беше потрошено рекордно количество боја, а во акцијата активно учесвуваа десецици демонстранти. Тие велат дека не се откажуваат од започната борба за слобода и демократизација на државата.

Погледнете го во продолжение видеото од директниот видео стрим на Радио МОФ направен во текот на акцијата:

По боењето на асфалтот следеа говори на бината пред Триумфална порта, а се активираше и чаталот при што балоните со боја летнаа кон Собрание.

Протестот започна вообичаено , во 18 часот пред СЈО, под мотото „Груевски на суд, одбројуваме до слобода“.