[Видео] Шарена револуција: Полицијата го спасува Прометеј

Полициски единици во полна опрема го опколија споменикот на Прометеј во Жена парк, во обид да спасат да биде урнат од демонстрантите на Шарената револуција кои се обидоа да ја урнат скулптурата.

Целиот споменик го чуваат полициски кордони, а дел од полицајците имаат и солзавец во рацете и ги снимаат демонстрантите, јавува репортерката на радио МОФ од теренот.

Настанот Радио МОФ го пренесува во живо преку директен видео стрим.