[Видео] Шарена револуција: Полицијата ги блокира сите пристапи кон Министерство за финансии

Единиците на ЕБР ги блокираа сите приоди кон Министерството за финансии кое е дестинација на вечерашниот протест на Шарената револуција во Скопје поради најавите за нови задолжувања на државата.

Протестот кој почна мирно пред СЈО станува тензичен откако полицијата застана на патот на демонстрантите и не4 дозволи нивно слободно движење по улицата Македонија.

„Партиска полиција“, „Кај ви е душата“, „Срамота“ извикуваат демонстрантите.

Сите поважни слушувања од протестот може да се следат и во живо на ФБ страницата на радио МОФ преку видео стримовите од нашата репортерка на теренот која јавува дека има повреден демонстрант во гужвата.