[Видео] #СамоПрашај: Загадениот воздух ни го крати животот

Годишно губиме до 1.200 смртни случаи заради последиците од загадениот воздух. Со тоа, аерозагадувањето е најчестата еколошка причина за смртност кај населението, стои во објаснувањето на видеото на „Само прашај“.

Ако не се почне со преземање сериозни мерки против загаденоста, луѓето многу помлади ќе заболуваат хронично од белодробни, срцеви и мозочни болести, а животниот век ќе се скрати за најмалку 4 години.

Во видеото предупредувања дава проф. д-р Драган Ѓоргев, специјалист по здравствена екологија.