[Видео] Пролетта доаѓа порано, есента трае подолго – колку Земјата се промени во последните децении

Можеби е тешко да се визуелизира колку климатските промени влијаеле на временските сезони на Земјата, но за да помогне, НАСА објави ново видео кое ја прикажува драматичната промена што се случила во изминатите децении.

Опишан како најкомплетниот поглед за биологијата на Земјата, видеото го опфаќа периодот од 1997 година, за да создаде разбирлива слика за променливоста на планетата. Најочигледна е промената на сезоните: пролетта доаѓа порано како што напредува времето, а есента останува подоцна. Може да се видат и алгите како цветаат и собираат, како и глечерите што се повлекуваат со секоја измината година.

„Ова се неверојатни примамливи визуализации на нашата планета“, рече Џин Карл Фелдман, океанограф при НАСА.

„Тоа е Земјата, тоа е она што го дишеме секој ден, која се променува со секоја сезона, одговарајќи на Сонцето, на промената на ветровите, океанските струи и температурите“.