Видео – порака од младите во Македонија и Франција против делата од омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, ја презентираше заедничкатата видео-порака против дела од омраза направена од младите во Франција и Македонија.

Младите го изработија ова видео за време на 34. Школа за млади и човекови права со фокус на дела од омраза на етничка и религиозна основа. Школата е пилот-соработка и е поддржана од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Видеото погледнете го подолу: