[Видео] Полицијата го отвора комбето на Шарената револуција

„Лишено од слобода лице од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело Оштетување туѓи предмети“ е насловено видеото кое попладнево го објави МВР на официјалниот Јутјуб сајт, а во кое се прикажува како синоќа полицијата го отвораше комбето на Шарената револуција.

Пластични детски пиштоли, бои, но и гумите од чаталот на Шарената револуција се „спорните“ предмети кои службениците ги пронајдоа како содржина во возилото. Тоа вчера беше задржано во полиција, а возачот приведен на информативен разговор.

Погледнете го видеото во продолжение: