[Видео] Покемон ГО: Потрагата по Снорлекс предизвика стампедо во Тајван

Илјадници играчи на Покемон ГО во Тајван создадоа стампедо во потрага на Снорлекс, кој се смета за ретко суштество. Видеото првично беше објавено на Фејсбук, а подоцна и на Јутјуб. Иако видеото се уште не е потврдено целосно, кинеските медиуми објавија дека областа Ксинбејту, каде се претпоставува дека се случува дејството, прерасна во секојдневен фокус на илјадници играчи кои се во потрага по егзотичен покемон.

Покемон ГО создава прекини во повеќе делови на Азија. Во Бангкок, полицијата се закани дека ќе ги апси пешаците и возачите на мотор кои ќе ја играат додека се на главни патишта, поради огромниот број на несреќи кои ги предизвикала играта. Во Камбоџа, пак, играчите предизвикаа бес бидејќи бркаа покемони во Музејот на геноцидот Туол Сленг.