Видео плеерот на Youtube доби поедноставен изглед

Youtube доби мала надоградба во дизајнот со тоа што опцијата control panel на неговите видеа е потранспарентна. Опцијата се уште функционира како претходно, но командите се поголеми и тие сега се појавуваат над видеото, наместо под него.

Компанијата започна да го тестира новиот видео плеер во април, но со ограничен пристап до него. Youtube вчера соопшти дека плеерот сега е достапен за сите.

Извор: theverge.com