[Видео] Питер Ванхауте на Engage: Не очекувам дека ќе има избори на 5 јуни

Зошто се појавија твитовите со мачки кои носат политичка порака, дали мемињата се начин за да се допре до игнорантската власт, кои се ставовите на неодамнешниот олеснувач во врска со последните протести кои се шират низ земјава? Ова се некои од темите кои ги начна неодамнешниот меѓународен постереник во политичките преговори во земјава, Питер Ванхауте, за време на неговиот говор на конференцијата за друштвени медиуми Engage 2016.

Тој посочи дека не очекува избори на 5 јуни, дека избирачкиот систем не е добар, како и дека треба да помине подолго време до создавање услови за фер и демократски избори. Во својот говор дода дека разбира зоште се случуваат демонстрациите во земјава, како и дека демократско право е да се излезе на улица и да се бара да запре корупцијата.

За неговите твитови вели дека се саркастични, но и дека ваквата реакција е дел од белгискиот менталитет. Додава дека пораките ги разбираат оние кои се запознаени со состојбите во државата, како и дека на власта и е тешко за власта да ја прими пораката и да реагира на неа.

Во однос на неговите конкретни работни ангажмани посочи дека во моментов е само турист во земјава, но очекува дека наскоро ќе се смени.