[Видео] ПИН музичка конференција – прв ден

Првиот ден од музичката ПИН конференција, организирана од продукциската куќа Пасворд како дел од годинешниот фестивал Таксират, измина во убава атмосфера и во интересни дискусии во кои учествуваа музичари, претставници на големи светски фестивали и продукциски куќи. Програмата вечерта продолжи со концерти на Foolish Green, JUNE (ЏУН), Летечки Пекинезери, Zrní, Alberthain, Kandžija, Pannonia Allstars Ska Orchestra и LUDOVIK MATERIAL.

Денес, PIN продолжува со нова низа интересни панел-дискусии и работилници, кои започнуваат во 12:00 часот.

Погледнете дел од атмосферата од вчерашната денска прoграма на PIN: