[Видео] Пародија на австралискиот премиер во пресрет на Г20 Самитот

Џордано Нани и Хуго Фарант се рап дуо од Мелбурн кои преку уметноста на рапот ги прикажуваат најновите случувања. Најновото од нив е пародичното видео во кое се спомнува австралискиот премиер Тони Абот.

Во видеото се споменуваат теми од промени во образованието до мотивацијата на државата за вклучување во борбата против Исламската држава.

Стимулирање на развојот и создавање на работни места се темите што ќе бидат дел од агендата на Самитот на Г20 следниот месец во Бризбејн. Сепак, некои се скептични во тоа дека Австралија одржува ред во сопствената земја за време на подготовките за пречек на светските лидери на 15 ноември.

 

Извор: Mashable