[Видео] Обoени канцелариите на Државната комисија за спречување корупција

Балоните со боја денеска летнаа кон канцелариите на Државната комисија за спречување корупција, а во знак на револт од молкот на оваа институција кон бројните случаи на корупција, како оние кои се откриваат во опозициските бомби.

На боењето на ДКСК и претходеше поставување на споменик „пералница за пари“ во паркот спроти Собрание.

Демонстрантите денеска со себе носеа балони на кои беа закачени слики со ликот на Никола Груевски, кои симболично ги пуштија во воздух, со порака така да си заминат и корумпираните политичари.

И денеска, на повик на неформалното движење „Протестирам“, голем број граѓани се собраа пред Специјалното јавно обвинелство за да дадат поддршка на неговата работа, но и да побараат повлекување на аболицијата и оставка на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. протестите во Скопје, под мотото „Нема правда, нема мир“, траат речиси еден месец и почнуваат секој ден во 18 часот пред СЈО.