[Видео] Објавен првиот трејлер за новата сезона на Stranger Things

Нетфликс го објави првиот трејлер за втората сезона од својот хит серијал Stranger Things за време на Супер Боул.

Според она што може да се види во видеото долго 36 секунди, во втората сезона може да се очекува враќањето на Елевен, а битката против паранормалните појави зема поголем замав. Односно, како што вели рекламата, „светот се превртува наопаку“.

Трејлерот, како и првата сезона од серијата, е полн со елементи од поп културата во 80-тите, од Ghostbusters униформа која главните ликови ја носат на Ноќта на вештерките, до 30 години стара реклама за Eggos вафли, омиленото јадење на Елевен.

Премиерата на првата епизода од новата сезона е на 31 октомври, односно на Ноќта на вештерките.