[Видео] „Некаде, а не овде“ – документарец за животот на младите на Балканот

Краткиот документарен филм во три дела, „Некаде, а не овде“, се фокусира на младинскиот активизам, секојдневието, желбите и амбициите на младите од Балканот, како и неможноста да ги остварат.

Документарецот настанал како производ на серија предавања спроведени во земјите од западен Балкан. Предавањата се фокусирани на активизмот и моќта и волјата на младите да го менуваат светот околу себе.

Режијата и сценариото се на Небојша Глишиќ. Филмот е дел од проектот #SamoKazem, спонзориран од Фондот Б92.