[Видео] „Не ви се плашиме“ – шарената револуција пред домот на Груевски

На протестот вечерва во Скопје, илјадници демонстранти, поддржувачи на движењето #Протестирам испратија одлучна порака „Не се плашиме“ и го донесоа протестното шаренило пред домот на поранешниот премиер Никола Груевски, боејќи го неговиот портрет. Со извици „Грујо мафија“ и „Нема правда, нема мир“, демонстрантите уште еднаш, точно еден месец откога почнаа протестите, побараа повлекување на аболицијата за политичарите што ја спроведе претдеателот Ѓорге Иванов.

q-12

Претходно, демонстрантите со боја ја прекрија и фасадата на Државниот пазарен инспекторат. Погледнете ги видеата на Радио МОФ од вечерашниот протест: