[Видео] Најголемиот гиф во светот

Уличниот уметник INSA кој веќе стана препознатлив по неговите уметнички дела кои од обичен цртеж ги претвора во гифови, сега премина на повисоко ниво. Со тим од уште 20 други луѓе и сателит оддалечен повеќе од 690 километри над земјата го создаде најголемиот гиф на светот.

Уметничкото дело е насликано на површина во Рио де Женеиро инспирирано од заштитен знак на авторот – „Во потрага по љубов“. Дизајнот е распространет на површина од 57,515 метри квадратни и е завршен за шест дена.

Гифовите на овој уметник, како што тој самиот вели, се резултат на неговите размислувања за тоа како овие дела би успеале на интернет и начинот на кој уметноста е ограниечна во пиксели и резолуции на екранот.

Извор: Mashable