[Видео] Медицински канабис – за граѓаните лек, за докторите неистражено поле

Од табу тема, до легализација на медицински канабис – Македонија годинава стана дел од растечкиот број на земји кои започнуваат со легализација на медицинската употреба на оваа билка.

Од Министерството за здравство најавија дека до крајот на месецот се очекува препаратите на база на канабис да пристигнат во аптеките. Сепак, и по донесувањето на Законот, следуваа бурни реакции од невладиниот сектор, според кој, Законот е избрзан и уште повеќе ќе ја ограничи употребата на канабисот при лекување. Дел од докторите, пак, сè уште го сметаат за дрога, поради како што велат, недостигот од релевантни истражувања. Од друга страна, јавна тајна е дека сè поголем број граѓани го користат канабисот како лек и почнуваат јавно да зборуваат за тоа. Таков е случајот и со скопјанецот Давор Ангеловски, кој беше меѓу првите кои излегоа пред камера и ја раскажаа својата приказна. За Радио МОФ, тој вели дека и покрај нелегалноста, ќе продолжи да го користи поради позитивните резултати по неговото здравје.

Сите ставови погледнете ги во видеото на Радио МОФ: