[Видео] Масовни протести по улиците на Америка против Трамп

Илјадници демонстранти протестираат низ улиците на Америка, како револт на изборниот резултат. Учесниците на масовните протестни маршеви со транспаренти и извици го критикуваат расизмот, сексизмот и ксенофобијата, за кои велат дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги направил нешто нормално.

Протестите, кои се одвиваат во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сан Франциско, Оукленд, Филаделфија и Сиетл, избувнаа откако демократската кандидатка Хилари Клинтон ги загуби Електорскиот колегиум и изборната трка во вторникот, и покрај тоа што наводно ги добила народните гласови, вели Гардијан.

Во некои делови се апсени граѓани, во Њујорк се забележуваат пароли како „Не е мој претседател“ или „ Њујорк те мрази“, во Санфранциско и Оукленд беа палени контејнери, автомобилски гуми и маски со ликот на Трамп, а во некои делови беше палено и американското знаме. Во Сиетл на маргините на демонстрациите дошло до пукотници, меѓутоа полицијата не го поврзува инцидентот со протестите.