[Видео] Ленче Ристоска од СЈО на Engage: Жените како чуварки на правдата

„Како жена сум горда што во целиот овој систем постојат жени кои се храбри и постапуваат според законите“, истакна обвинителката од СЈО Ленче Ристоска забележувајќи дека патот за остварување на правдата се уште е поплочен со страв  и со несигурност на луѓето. Во текот на својата презентација  на конференцијата за друштвени медиуми Engage 2016, таа потсети дека иако се декларираме како демократска држава, се уште правата на жената не се почитуваат, а општеството очекува тие да бидат потчинети.

И покрај тоа, правосудството е женска професија, а голем број жени оставиле свој печат врз правдата и нејзиното чување, забележа обвинителката, потсетувајќи дека во земјава има 44 обвинителки и 22 обвинители.

Набројувајќи ги жените на кои им се восхитува, таа забележа „Хероини сме и ние од СЈО“,  што беше поздравено со силен аплауз од публиката.

Погледнете го говорот на обвинителката на Engage 2016.