[Видео] Како да наместите шатор во неколку чекори

Бидејќи викендов голем број на млади ќе одат во Дојран на Д Фестивал 2017, и веројатно ќе кампуваат, Радио МОФ им излезе во пресрет на своите читатели и направи краток видео туторијал за тоа како се мести шатор. Чекорите се следните:

1. Наоѓате дебела сенка, проверувате дали има камчиња, мравјалници или слично на тлото и да не е во дупка или вдлабнатина за да не се поплави доколку врне, па го распостелате шаторот;
2. Ги ставате шипките за исправање накрсно и го подигате шаторот (види видео);
3. Со помош на колчиња го прицврстувате шаторот за да не ви летне од ветер (препорачливо е да бидат наковани под агол од 45 степени);
4. Закачувате парче платно на врвот кое служи како покрив против врнежи и сончева светлина;
5. Уживате.

Искусен кампер го монтира шаторот за 5-10 минути. Неискусен… малку повеќе.

Доколку не ви успее од прва, пробајте пак. И пак. И пак. Ако не ви успее после два часа, побарајте помош од комшиите.