[Видео] Јакнење на жените – јакнење на човештвото

По повод 20 години од донесувањето на Пекингшката Декларација и Платформата за акција со која земјите потписнички се согласија дека ќе се залагаат за правата на женскиот пол и ќе се борат против насилството врз жените и девојчињата, денеска во Скопје беше организирана национална конференција на тема „Јакнење на жените-јакнење на човештвото, претставете си“.

Конференцијата ја отвори Доминика Стојаноска раководителка на канцеларија „Un Women“ од Скопје која говореше за родова еднаквост, како и за жените како мета на семејно насилство.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими изјави дека е недозволено во 21 век жените да бидат мета на семејно насилство, додека Васка Бајрамоска Мустафа, заменик народен правобранител побара да се направи поголеми чекори за полова еднаквост во земјава.

Свое обраќање пред приситните имаше и Луиза Винтон, постојан претставник на Обединетите Нации која истакна дека „сега е време повторно да ги наполниме батериите и да го завршиме недовршеното од Пекинг од 1995 година“.

На конференцијата беше презентирано глобалното видео насловено „Empowering women-Empowering humanity (Јакнење на жените-јакнење на човечштвото) кое содржи делови од донесувањето на Пекингшката Декларација и Платформа за Акција, како и дел од промените кои се случиле во изминативе 20 години.

Во продолжение може да го погледнете и видеото на UN Women, објавено пред неколку дена, со наслов „The Journey of Women’s Rights: 1911-2015“.