Видео: Иванов ја поништи аболицијата за 22 политички експонирани лица

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска најави дека ја поништи аболицијата за 22, политички експонирани лица

„Денес донесов одлука да поништам дел од одлуките и без помилуваните да го побараат тоа од мене. Во согласност со Законот за помилување, донесов одлука за поништување, ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно 22 -ца. За жал сите други лица, согласно законските измени, имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување“, рече Иванов во своето обраќање пред граѓаните попладнево, од претседателската вила на Водно.

Со ваквата изјава , без да прими дополнителни прашања, тој сега остава простор да се толкува кој се спаѓа во таа категорија. Целата изјава проследете ја во продолжение, преку видеото на Радио МОФ.

Пред повеќе од еден месец Иванов одлучи да аболира 56 политичари.