[Видео] Италијански уметник користи архитектура за да претстави 16 ментални болести и нарушувања

„Archiatric“ се вика новиот проект на италијанскиот архитект, графички дизајнер и уметник Федерико Бабина, кој сака да одговори на прашањето: Ако можете да ја замислите вашата ментална болест или нарушување во вид на куќа, како таа би изгледала?

Проектот презентира 16 состојби како архитектонски дела во различни фази на поправка. Дизајните се апстрактни, но за некој кој живее во агонија на менталната болест, тие се премногу точни. Анимираното видео на уметникот од Барселона дополнително го засилува ефектот на сликите, објави boredpanda.

Бабина е познат по неговата работа инспирирана од архитектурата, употребувајќи уникатен геометриски стил, кој јасно зема прибелешки од кубизмот. Неговите дела се често надреални, но истовремено и духовити.