[Видео] Илјада музичари со Learn to Fly ги повикаа Foo Fighters во Чезена

Со изведба на песната Learn to Fly, илјада италијански музичари ги повикаа „Foo Fighters“ да дојдат и да настапат во Чезена. За импресивното видео од нивниот настап кое денеска беше објавено на YouTube, како што објаснуваат авторите, подготовките траеле цела година.