[Видео] Холанѓаните се лизгаат по замрзнатите канали

Луѓето во Холандија смислиле начин како да ги искористат многу ниските температури кои ја зафатија земјата. И децата и возрасните во Холандија со лизгалки или прилагодени скејтборди се лизгаат низ замрзнатите водни канали низ земјата, покажуваат снимките на Еуроњуз од Амстердам и Делфт.

Метеоролошкиот институт на Холандија прогласи предупредување околу ниските температури, со предупредување дека до петок температурата ќе се спушти и под -15 целзиусови степени. Според институтот, мразот ќе почне да се топи дури од следната недела.

Европските земји изминатиов период се зафатени од ладен бран наречен „Ѕверот од истокот“, кој ги донел ладните ветришта од Сибир низ европскиот регион.