[Видео] Хакерите и новинарите во Сараево кои разоткриваат организиран криминал и корупција

На непозната локација во Сараево, група хакери соработуваат со новинари за да го разоткријат организираниот криминал и корупцијата. Но, оние кои се вклучени во незаконски активности одговараат со сајбер напади и други тактики на заплашување.

Ова видео зборува за тоа дали групата може да се спротивстави на нападите и да им помогне на новинарите да ја донесат вистината на виделина.

Видеото е производ на „Freethink“, група која раскажува приказни за менувањето на светот, за луѓе кои сакаат да учествуваат во неговото менување.

Секоја недела, тие објавуваат ново видео со страстни иноватори кои се обидуваат да ги решат  најголемите предизвици на човештвото со поразлично размислување.