[Видео] „Feed Your Brain“ со Катарина Ивановска, Слободан Лазаревски и Нина Ангеловска

Во вторникот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје,  повеќе од 350 студенти и млади ги слушнаа успешните приказни на манекенката Катарина Ивановска, докторот Слободан Лазаревски, и претприемачката Нина Ангеловска. Настанот, како што најави водителот Жарко Димитриоски, е дел од низата вакви случувања под името „Feed Your Brain“, кои ќе се одржуваат на различни Универзитети низ државата, со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

„Feed Your Brain“ се реализира како дел од платформата „Мрдни со Прст“.

Говорите погледнете ги во видеото во продолжение: