[Видео] Engage 2017: Kонференција со општествено ангажирана кауза

„Сите ние во секојдневното живеење можеби не сме свесни, но со фактот дека ќе се вклучиме во некоја локална акција каде ќе се исчисти маалото, или ќе и помогнеме да комшиката да купи леб – правиме некаков општествен активизам. Нивото на кое влијаеме може да се разликува, меѓутоа суштината е иста, а тоа е дека пробуваме да помогнеме“.

Вака активистот Дамир Незири објаснува што е поимот „друштвен активизам“ кој годинава повторно беше во фокусот на шестото издание на конференцијата Engage во Кино Култура.

Конференцијата на едно место поврза разни активисти, борци за човекови права, новинари, политичари, телевизиски и културни работници, креатори на иницијативи. Сите дадоа свој белег. Сите заедно, преку презентации и отворни дискусии создадоа простор за зајакнување и продолжување на општествено ангажираните каузи.

Преку Engage, МОФ и Радио МОФ ги мотивираат граѓаните самите се ангажираат во обликувањето на својата иднина, истовремено да учествуваат во трансформирањето на демократијата во која сакаат да живеат. Се’ со цел креирање здраво и функционално општество. За сите.

Меѓу говорниците на Engage 2017 беше Биргита Јонсдотир, поетеса и пратеничка во исландскиот парламент од Пиратската партија. За своето искуство во Северна Кореја зборуваше Иван Новак од словенечкиот авангарден индустријал-бенд „Лајбах“, а учесник беше и новинарката Ирина Гордиенко која истражуваше и објави за  масовното приведување, мачење и убивање на ЛГБТ лица во Чеченија.

Понатаму, свој перформанс со ангажирана поезија имаа „Астални проекции“. Говореше и Ана Биалас од најголемата петициска платформа на светот Change.org, активистот Никола Писарев за „Урбаните акции“ како форма на критика и активизам, Михаи Политенау за спротиставувањето на популизмот и корупцијата во Романија, додека професорката Беса Арифи зборуваше за жените во политиката.

Фчерашни новости учествуваа како модератори, но презентираа и за сатирата како начин на известување на граѓаните.

Овогодинешното издание беше организирано со поддршка од National Endowment for Democracy, додека спонзори на настанот беа Кома – Дизајн & Принт, Nescafe и Добра вода.

Видеото за Engage 2017 е направено од Бојан Шашевски и Горјан Атанасов.