[Видео] Една година од скандалозните студентски избори на УКИМ

Изборите за претседател на Студентскиот парламент на УКИМ кои се одржаа на 30 јуни 2016, се црна дамка во поновата историја на студентското организирање во земјава.

Ноќта по изборите пред седиштето на СПУКМ, додека внатре се броеја гласовите за новиот претседател, полицијата надвор се пресметуваше со студенти од студентскиот пленум кои мирно протестираа.

Во текот на гласањето на УКИМ беше забележано крадење на избирачките кутии, имаше проблеми со броењето гласови, а вечерта заврши со насилство.

Една година подоцна, за ноќта исполнета со насилство, за правдата и желбата за подобар универзитет зборуваат тогашните членови на Студентски пленум, Александра Живковиќ, Исмет Шабановиќ и Ивана Туфегџиќ, која во меѓувреме стана и пратеничка во Собранието.