[Видео] Еден час во едукативниот камп на учителката Шпреса

Учителката Шпреса Синани од Тетово, која 14 години е во пензија, сè уште го пренесува своето богато искуство на најмладите. Последниве две години организира „едукативен летен камп“ за децата од нејзината населба.

Откако забележала дека младите немаат како квалитетно да го исполнат своето слободно време на распустот, таа ги повикала во својот дом, преку игра и забава, да им помогне во подобрување на нивното пишување, читање и физичкиот развој.

Во видеото на Радио МОФ, учителката Шпреса прави споредба на квалитетот на образовниот процес денес и оној од времето кога таа работела во Основното училиште „Лирија“, а го оценува и ефектот од реформите на образовниот систем во Македонија.

Видеото го подготви Даниел Евросимоски.

Сторијата е направена во рамките на проектот „На час“, кој е финансиран и се спроведува во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.