[Видео] Еден актер игра 102 ликови во филм со негово сценарио и режија

После неколку неуспешни обиди да успее во филмската индустрија, надежниот актер и сценарист Лaз Рохас решил да го добие вниманието на Холивуд со амбициозна демо снимка.

Во четиричасовен филм, тој ги покажал своите таленти преку играње на 102 различни улоги – мажи, жени, деца и вонземјани – создавајќи универзум населен само од него. Ја пратил снимката на секој продуцент, студио и менаџер кој можел да го најде, но никогаш не добил одговор.

На видеото подолу е претставена селекција од најдобрите моменти од познатата снимка на Рохас, која ја снимал од 1992 до 1994 година. Сам го напишал сценариото, режирал, монтирал и глумел.

Снимката е дел од документарецот за Рохас од серијалот OUTSIDER на Vice, кој ги прикажува креаторите на најчудните филмови во светот.