[Видео] Џиновски роботи-сообраќајци на должност во Конго

Можеби треба да ги оставиме роботите да бидат наши господари – уште од пред две години, два џиновски роботи се на должност како сообраќајци во Киншаса, главниот град на африканската држава Конго.

Деновиве, нови три роботи, конструирани од здружението на женски инженери Women’s Technology, се монтираат на големи крстосници во градот со 9 милиони жители.

Огромните роботи се напојуваат со сончева енергија, нивните гради ротираат, а опремени се и со камери кои емитуваат сигнал директно во полициските станици. Во секој случај, решението на властите во Киншаса е поинтересно и помодерно од класичните камери на крстосниците. Според податоците на полицијата, роботите постигнуваат и ефект – бројот на сообраќајни прекршоци се намалува.