[Видео] Дружба во маало, не пред таблет

Наместо „заробени“ пред екраните на телевизорите, компјутерите, таблетите, мобилните телефони, децата во Центар имаа прилика да ја искусат дружбата што ја имале порано нивните родители со играње плочка, криенка, народна, или поточно, игрите без кои не може да се замисли маалскиот живот.

Иницијативата „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ веќе неколку недели претходно спроведува активности низ општините во Скопје.

Се организираат ликовни работилници под отворено небо, на кои тутори се средношколци. Потоа, театарски претстави за деца, музички концерти. Активностите ќе се одвиваат во текот на летните месеци, во работни денови, во попладневните часови.

Атмосферата од последната маалска собиранка може да ја погледнете во продолжение: