[Видео] „ДНО е НЛО“ во првата епизода на „Engage Kicks & Gigs“ за годинава

Во новото издание на Engage Kicks & Gigs, прво за годинава, ви ги претставуваме „ДНО е НЛО“.

Владимир Поп Христов – Мио, Александар Поп Христов и Анастас Пујовски за слушателите на Радио МОФ исполнуваат некои од своите попознати, но и понови песни.

Аудио техничар на видеото е mixedsoundZ (Зоран Поповски).

Веб серијалот Engage Kicks & Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Во Engage Kicks and Gigs, два пати месечно ja споjуваме публиката со нејзините омилени бендови, кои на сесиите снимени во нашето студио ги изведуваат своите најголеми хитови или најнов материјал акустично, во поинтимна и потопла атмосфера.