[Видео] Дионис Пашлаков – неготинецот што спасува автомобили од отпад и ги претвора во културно наследство

Дионис Пашлаков е професор по биологија во пензија, кој веќе 25 години создава своја колекција на олдтајмери. Тој го познава секој дел од неговите автомоби, како да е тоа човечката анатомија. За него, тоа се „миленици“, кои ги вдомил пред да бидат фрлени во отпад. Досега успеал да собере над 100 автомобили, моторцикли, едрилица, како и булдужер, кој дошол на местото на несудениот тенк.

Вели дека ова за него не е обврска, туку нешто што го прави со ќеиф, за градот, но и државата, да има наследство со кое ќе се гордее. Сепак, шест години, државата одбива финансиски да го поддржи сонот на овој човек.

Неговата љубов кон олдтајмерите беше инспирација за филмот „Avec l’amour“, во режија на Илија Цветковски, кој всушност е по потекло од Неготино. Филмот ја имаше својата светска премиера минатата недела во Канада, додека македонската премиера ќе се случи во август, за време на фестивалот за документарни филмови „Македокс“ во Скопје.

Радио МОФ го посети скромниот, но прекрасен музеј на Дионис. Во продолжение погледнете го нашиот разговор што го направивиме со него за време на посетата.

Емилија Петреска