[Видео] Дебата во кампот „Слобода“: Каква даночна политика создава повеќе правда?

Каква даночна политика генерира повеќе правда? – ова беше темата на економската дебата одржана попладнето во кампот пред Владата на Република Македонија, во организација на Џеф Македонија. Во дебатата учествуваа: професорот на Правниот факултет и економски експерт на СДСМ Ванчо Узунов, Бојан Богевски, коосновач на либертаријанскиот клуб „Атлас“, активистката на платформата „Ајде!” Јасмина Голубовска, и Бранимир Јовановиќ, економски истражувач и член на левичарското здружение „Солидарност“.

Во дебатата се слушнаа интересни поенти за сегашниот модел на даночната политика во земјата, како и за можностите и потребите од измени на оданочувањето во земјата во правец на постигнување поголема праведност и социјална сигурност на што поголем број групи во општеството. Во првиот дел, говорниците ги изложија своите погледи на темата, додека вториот дел содржеше прашања и учество од публиката.

Погледнете ја снимката од дебатата, која Радио МОФ ја пренесуваше во живо: