[Видео] Дебата: Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ

„Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“ беше насловена јавната трибина на која се дискутираше за тоа до каде е Македонија на патот кон Европската унија и за политичките настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од Унијата.

Во дебатата учествуваа Беса Арифи, Дона Костуранова, Кристине Д. Алтхаузер, Светлана Сиљаноска, Тања Хафнер Адеми, Блажен Малески, Бојан Маричиќ, Нано Ружин и Никола Димитров.

Трибината, која може да ја погледнете во продолжение, ја организираше Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт.