[Видео] Дебата: Каква Македонија сакаме?

„Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“ е насловот на дебата која се одржа вчера во протестниот камп пред Влада, во организација на граѓанската коалиција „Граѓаните за Македонија”.

Видеотото од целата дебата, на која учествуваат политичари, активисти, претставници на граѓански организации и граѓани, може да ја проследите во продолжение:

Говорници на дебата се Зоран Заев, претседател на СДСМ; Наталија Поповска, Транспарентност Македонија (област: транспарентност на институции и трошење јавни пари); Мухамед Зекири, новинар (област: медиуми); Дона Костуранова, Национален младински совет на Македонија (област: млади); Ирена Стефоска, Vox Academica (област: образование); Никола Писарев, Центар за современи уметности (област: проблеми на локално население); Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права (област: судство и правна држава); Славчо Димитров, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (област: човекови права); Владимир Лазаревик, Хелтгрупер (област: здравство).