[Видео] Белградскиот бенд Went во Engage Kicks & Gigs

Во најновата, шеста епизода на веб концертите Engage Kicks & Gigs на Радио МОФ, гостува инди/фолк бендот од Србија, Went.

Went постои од 2005 година. Инспирирани од „slowcore“, „shoegaze“ и Американски фолк, тие спојуваат акустика и приказни за подемите и падовите во животот со своите гитари, создавајќи омајувачка музика која е и нежна и хаотична истовремено.

Имаат три изданија за „do it yourself“ издавачката куќа Floorcollapsing од Србија. Бендот го сочинуваат Душан Филимоновиќ (вокали/гитара), Горан Стрбо (гитара/fx), Стефан Пејатовиќ (тапани), Сара Томиќ (бас), Стефан Гачеша (тонец) и Томислав Марјановиќ (дувачки инструменти).

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со музичарите од еден поинаков агол.