[Видео] Бегалската криза прикажана во спотот на M.I.A.

Англиската раперка M.I.A. го сподели својот нов спот за песната „Borders“, во кој е прикажан патот на бегалците. Во видеото што сама го режирала, таа им се придружува на група бегалци додека прескокнуваат огради со жица, се качуваат во мали чамци и пловат во морето. Во една од сцените, M.I.A. носи фудбалски дрес со лого Fly Pirates, наместо Fly Emirates. Песната е дел од нејзиниот нов албум насловен „Matahdatah.