[Видео] Атмосфера од денешниот протест на „Протестирам“

Неколку илјади граѓани, обединети во движењето „Протестирам“ и денеска излегоа на улиците на Скопје, барајќи оставка на Владата, ослободување на притворените студенти и активисти и враќање на правдата во државата. Граѓаните најпрвин се собраа на крстосницата кај Владата, потоа се упатија кон Основниот суд, за да го завршат протестот со обраќања пред Собранието. Погледнете ја атмосферата на денешниот протест: